Индексот на трошоците на животот во јуни 2017 година, во однос на претходниот месец, изнесува 100.3, а индексот на цените на мало 100.5.

Пораст на индексите на трошоците на животот во јуни 2017 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежото и разладеното овошје за 8.3%, сувото овошје и јаткастите производи за 2.3%, другите преработки од месо за 0.4%, брашното и другите житарици и другите прехранбени производи за 0.3% и замрзнатиот зеленчук освен компирот за 0.2%.

Во јуни, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај авионскиот превоз на патници за 14.5%, цигарите за 5.3%, услугите за сместување за 4.8%, информатичката опрема за 2.8%, пакет- туристичките аранжмани за 2.1%, патниот сообраќај за 1.9%, поправките на мебелот, покуќнината и покривките за под за 1.1%, теписите и другите покривки за под за 0.7%, другите услуги неспомнати на друго место за 0.6%, мебелот за домаќинствата за 0.5%, текстилот за домаќинствата за 0.4%, големите електрични апарати за 0.3%, услугите за одржување и поправки на станот за 0.2%.

Намалување на индексите на трошоците на животот во јуни 2017 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежиот и разладен зеленчук освен компирот за 2.4%, млекото за 2.2%, сирењето и урдата за 1.1%, изнутриците за 0.9%, оризот за 0.8%, јајцата за 0.5%, другите пекарски производи и шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0.4%, маслото и маснотиите и алкохолните пијалаци за 0.2%.

Исто така, во јуни, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај гасот за домаќинствата за 4.0%, течните горива за домаќинствата за 3.6%, течните горива и мазива како дел од опремата за сопствени сообраќајни средства за 3.1%, предметите за лична хигиена и здравје за 0.9%, средствата за чистење и одржување на станот, услугите за лична хигиена за 0.7%, малите електрични апарати и услугите за одржување на станот за 0.6%, обувките, лековите и градините, растенијата и цвеќињата за 0.4%, другите медицински производи, опрема за прием, снимање и репродукција на звук и слики за 0.3%, велосипедите и накитот и часовниците за 0.2%.

Индексот на трошоците на животот во јуни 2017 година, во споредба со јуни 2016 година, бележи пораст од 1.5%, а индексот на цените на мало бележи пораст од 2.9%.(Државен завод за статистика)