Руската компанија „Гаспром“, грчката ДЕПА, француската ЕДФ и италијанската „Едисон“ потпишаа договор за соработка со цел креирање на јужната рута за испорака на гас на Европа.

Со документот, потпишан во рамки на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург, е договорена заедничка работа на организација на јужната рута за испорака на руски гас на Европа, од Русија, преку Турција, Грција, до Италија.

Компаниите ќе ја координираат и имплементацијата на проектот на гасоводот „Турски тек“ и проектот „Посејдон“, од турско-грчката до италијанската граница.

Проектот „Посејдон“ подразбира изградба на гасовод по дното на Црното Море до Грција и понатаму до југот на Италија.