Претставници на сите пет земји на БРИКС потпишаа Меморандум за разбирање за заеднички развој на наоѓалиштата за злато во Кључевската област.Ова ќе биде прв заеднички инвестициски проект на организацијата која ги обединува земјите од „новиот економски свет“ – Бразил, Руската Федерација, Индија, Кина и Јужноафричката република.
Документот беше потпишан од претставници на компаниите „Сан голд“, „Чајна нешенел голд груп“, Фондацијата за развој на Далечниот исток, „Транс Африка капитал“ и бразилскиот инвеститор Антонио Мораес Нето, а се се случуваше на маргините на самитот на БРИКС-а во индиската држава Гоа.

BRIKS1

-Проектот во рударскиот сектор претставува прв инвестициски проект на земјите на БРИКС. Според техничко-економската проценка која беше направена од страна институтот „Чангчунг голд дизајн“, заедничката компанија ќе се фокусира на претварање на рудникот Кључевско во голем површински рударски коп и производство на корисни компоненти со очекуван капацитет од 12 милиони тони руда и 6,5 милион злато годишно, – се вели во соопштението на индиската компанија „Сан голд“. – Се проценува дека очекуваните инвестиции ќе изнесуваат меѓу 400 и 500 милиони долари.
-Ова е прв рударски проект со учество на сите пет земји на БРИКС, а тој може да послужи како патоказ за иднината на соработката во рамките на БРИКС, – се додава во соопштението на компанијата. – Потписниците на Меморандумот мора да ги добијат сите соодветни дозволи од властите на Русија и Кина за формирање на заедничката компанија.
Инаку, со ветување дека ќе го забрзаата глобалното економско заздравување, како и за борба против тероризмот и екстремизмот, заврши неодамнешниот дводневен Самит на петтмината лидери на земјите од БРИКС. На собирот во одморалиште во државата Гоа во Индија кон средината на овој месец, лидерите на Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужноафричката Република усвоија завршна декларација со која укажуваат на нивната посветеност да дејствуваат против финансирањето терористички организации и нивно снабдување со оружје и друга опрема.
Покрај декларацијата во која БРИКС, покрај останатото, ја потврди централната улога на ОН во мултиполарниот свет и силно го поддржува мирното решавање на конфликти, лидерите прифатија и заеднички план за акција и за нејзино спроведување, која ја конкретизира работата на организацијата за следната година.
Одобрен е Меморандум за разбирање за воспоставување на платформа за земјоделско истражување, прецизирана позицијата на Комитетот за царинска соработка во БРИКС, а потпишан е и Меморандум за разбирање меѓу дипломатските академии на петте земји членки.
БРИКС е меѓународна политичка организација на водечките сили во развој и наследник на претходната организација БРИК, укината со вклучувањето на Јужноафриканската Република (ЈАР) во 2010. Сегашните пет земји-членки се Бразил, Русија, Индија, Кина и ЈАР.Со исклучок на Русија, членките на БРИКС се земји во развој што се сметаат за нови сили поради нивните големи стопанства и значајно влијание во регионалните и меѓународните случувања. Во нив живее речиси една половина од светското население, со збирен БДП од 16,3 трилиони долари и заедно имаат надворешни резерви од 4 трилиони долари.(С.П.)