Според податоците на Државниот завод за статистика, во четвртото  тримесечје од 2019 година, во споредба со четвртото тримесечје од 2018 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е зголемено за 19.3 %, во железничкиот превоз е зголеменo за 50.0 %, додека во воздухопловниот превоз е намаленo за 10.1 %.

Во четвртото  тримесечје од 2019 година, во патниот патнички превоз бројот на превезените патници изнесува 1 605 илјади, во градско-приградскиот превоз 19 191 илјада, во железничкиот превоз 148 илјади, додека бројот на превезените патници во воздухопловниот превоз изнесува 623 546.