Претседателот на Кина не запира случајно на патот за Самитот на Г-20 во Москва, каде што разговара со шефот на Кремљ, Владимир Путин, пренесува БиБиСи.

-Русија и Кина на остатокот на светот сакаат да му кажат дека во овој момент тие се клучни партнери и дека на меѓународната сцена планираат да настапат заеднички, – изјави за Би-Би-Си експерт на Британскиот аналитички центар Verisk Maplecroft, Дараг Макдауел, пренесува порталот на телевизијата RT во Русија.

Трговските односи меѓу Русија и Кина беа главната тема на разговорите меѓу рускиот и кинескиот претседател Владимир Путин и Си Џинпинг во Кремљ, пренесува Би Би Си.

Путин и Џинпинг избраа погоден момент да се сретнат во Москва на “патот за Хамбург”, изјави Мекдауел. Како што истакнува овој експерт, Москва и Пекинг испраќаат порака до остатокот на светот дека во моментов тие се клучни партнери и дека планираат заеднички настап на меѓународната сцена. На Русија тоа и е потребно со цел да ги избалансира нејзините односи со Западот, додека Кина се обидува да покаже дека Пекинг не е обичен играч на меѓународната сцена и дека во овој момент сама ги поставува правилата, вели експертот.

На состанокот во Москва во пресрет на самитот на Г20 во Хамбург во Германија, Русија и Кина на одреден начин му говорат на Западот: “До вчера вие бевте во центарот на моќта. Денес тоа сме ние. Иднината ни припаѓа нам”, пренесува британскиот јавен сервис.

Инаку, за време на посетата на претседателот на Кина, Кси Џинпинг на Москва, Рускиот фонд на директни инвестиции и Руско-кинески инвестициски фонд потпишаа голем број на договори во вкупна вредност од над 12 милијарди САД долари, соопштува прес-службата на РФПИ.

Како што прецизираат во Рускиот фонд за директни инвестици, документите вклучуваат продлабочување на соработката во финансискиот сектор, електронска трговија, туризот, иновативните технологии, развојот на механизми за инвестирање во националните валути, како и во областа на прометот со прехранбените производи.