Индексот на индустриското производство во јули 2018 година, во однос на јули 2017 година, изнесува 108.4.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во јули 2018 година, во однос на јули 2017 година, бележи опаѓање од 11.5 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 12.5 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 6.3 %.
Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на тутунски производи, Производство на текстил, Производство на облека, Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, Производство на производи од гума и производи од пластични маси, Производство на други неметални минерални производи, Производство на метали, Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема, Производство на електрична опрема, Производство на машини и уреди, неспомeнати на друго место, Производство на моторни возила, приколки и полуприколки и Производство на мебел.
Според главните индустриски групи, производството во јули 2018 година, во однос на јули 2017 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 16.1 %, Капитални производи за 25.3 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 26.7 %, додека опаѓање бележи кај Енергија за 9.2 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1.8 %.
Индексот на индустриското производство во периодот јануари – јули 2018 година, во однос на периодот јануари – јули 2017 година, изнесува 105.5. (Државен завод за статистика)