Продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно во ноември 2016 година во Република Македонија се пониски за 0,1 отсто на месечно ниво, а за 0,2 отсто на годишно ниво. Во споредба со претходниот месец се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 1 отсто, а се пониски во секторите Преработувачка индустрија за 0,1 и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1,6 отсто.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во однос на ноември 2015, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторите Рударство и вадење на камен за 6,1 процент и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,3, а се пониски во секторот Преработувачка индустрија за 0,8 проценти.
Продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари, пак, се повисоки за 0,6 отсто на месечно ниво, а за 0,4 отсто на годишно ниво.
Во споредба со октомври 2016, се повисоки во секторите Рударство и вадење на камен за 1,7 проценти и Преработувачка индустрија за 0,4 отсто.
Во однос со ноември 2015, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 4,3 отсто, а во секторот Преработувачка индустрија се на исто ниво.