Во октомври 2017 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки за 0.3% на месечно ниво, а за 3.4% на годишно ниво.
Во октомври 2017 година, во споредба со претходниот месец, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 0.4%, а се повисоки во секторот Преработувачка индустрија за 0.4% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0.3%.
Во октомври 2017, во споредба со октомври 2016, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 18.3%, во секторот Преработувачка
индустрија за 2.3% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0.5%.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во октомври 2017 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се повисоки за 0.3% на месечно ниво, а за 6.0% на годишно ниво.
Во октомври 2017, во споредба со септември 2017, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 0.7%, а во секторот Преработувачка индустрија се повисоки за 0.5%.
Во октомври 2017, во споредба со октомври 2016, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 35.1%, а во секторот Преработувачка индустрија за 2.9%.(Државен завод за статистика)