Индексот на индустриското производство во март 2019 година, во однос на март 2018 година, изнесува 107.5.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во март 2019 година, во однос на март 2018 година, бележи пораст од 10.8%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 8.8%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација бележи опаѓање од 4.6%.
Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели: Производство на пијалаци, Производство на текстил, Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, Производство на производи од гума и производи од пластични маси, Производство на други неметални минерални производи, Производство на метали, Производство на електрична опрема, Производство на машини и уреди, неспомнати на друго место и Производство на моторни возила, приколки и полуприколки.
Според главните индустриски групи, производството во март 2019 година, во однос на март 2018 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 13.3% и Капитални производи за 20.2% додека опаѓање бележи кај Енергија за 0.8 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 11.1% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1.2%.
Индексот на индустриското производство во периодот јануари – март 2019 година, во однос на периодот јануари – март 2018 година, изнесува 108.8. (Државен завод за статистика)