За петина е помал обемот на трговската размена помеѓу Република Северна Македонија и Руската Федерација во периодот од јануари до септември годинава.Во овој период компаниите од двете земји истргувале стоки во вредност од 250 милиони САД долари ( лани во истиот период 311,7 милиони САД долари) што е помалку за 19.8 отсто.
Во овој период опаднал и македонскиот извоз на овој пазар.Пласирани се стоки од земјава во вредност од 35,7 милиони САД долари (лани 40,5 милиони САД долари) што е помалку за 11,7 отсто.
Најголемо опаѓање Државниот завод за статистика има забележано кај македонскиот увоз од Русија, кој за првите девет месеци од годинава е понизок за 21 отсто.Од руските компании купени се стоки во вредност од 214,2 милиони САД долари, додека лани увозот од оваа земја изнесувал 271,2 милиони САД долари.
И натаму Република Северна Македонија бележи висок трговски дефицит во размената со Руската Федерација, кој до крајот на септември достигнал вредност од 178,5 милиони САД долари.
Во овој период Руската Федерација е 15 трговски партнер на земјава.