Комерцијална банка АД Скопје,  членка на Македонско руската стопанска комора, и оваа година ја продолжи плодната соработка со Црвениот крст на Република Северна Македонија со цел заедничка имплементација на општествено корисни социјални програми за подобрување на квалитетот на животот на населението во заедниците.

Банката ќе ја поддржи реализацијата на проектот „Подобра социјализација на децата и младите со посебни потреби“.

Всушност, ова претставува мисија и заеднички напор на сите поддржувачи во решавањето на општествените проблеми во земјата и е во согласност со стратегиските заложби на Банката на полето на општествената одговорност.

Праксата на општествено одговорно работење многу години наназад е составен дел од деловната политика на Комерцијална банка АД Скопје.