Со дипломатски церемонијал и во присуство на јавни личности од Македонија и регионот, на 31 август 2016 година на Широк Сокак во Битола беа промовирани новите простории на Почесниот конзулат на Руската Федерација во Република Македонија.

На свеченоста во Битола, амбасадорот на Руската Федерацијаво Република македонија Н.Е. Олег Шчербак подвлече дека почесните конзули имаат важна улога во развојот на трговските, економските, културните и други врски меѓу државите.
– Почесните конзули придонесуваат за зближување меѓу народите и зацврстување на нивното взаемно разбирање. Свеченост сведочи дека руско-македонски односи се унапредуваат и добиваат нова големина и динамика. За Русите, Битола е особено место чија историја тесно е поврзана со Русија. За нас Битола е засолниште кое во тешките години од бурата на револуцијата прими стотици наши сонародници, а тие пак во знак на благодарност за гостопримливоста во Битола оставиле делче од својата душа, моќен културен слој чие влијание и ден денес се забележува во ликот на овој прекрасен град. За нас, Битола е свето место, – рече меѓу другото амбасадорот Шчербак на свеченоста по повод промовирањето на новите простории на Конзулатот.
Во конзулатот има музејско-изложбен простор на руски сувенири како и инфо-деск за сите потреби на руските граѓани во Македонија, но и за потребите на македонските граѓани кои сакаат да патуваат во Русија. Почесниот конзул на Руската Федерација во Македонија, Сергеј Самсоненко од 1 септември 2016 година, има надлежност на конзулски округ кој ги вклучува териториите на општините Битола, Прилеп, Крушево, Могила, Кривогаштани и Новаци.
– Рускиот и македонскиот народ се многу блиски. Блиски сме по верска основа, а блиски сме и по генетска основа. Така беше, така е и така ќе биде секогаш, — истакна почесниот конзул на Руската Федерација во Република Македонија, Сергеј Самсоненко кој оваа функција ќе ја врши на предлог на руското Министерство за надворешни работи и со согласност на Владата на Република Македонија.
Новите простории на Почесниот конзулат на Руската Федерација во Битола ги освети поглаварот на МПЦ ОА, Господин Господин Стефан, а по повод свеченото отворање на Почесниот руски конзулат, на плоштадот „Магнолија“ целовечерен концерт приредија македонските музички ѕвезди Елена Ристеска и Викторија Лоба.