Претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин го потпиша продолжувањето на ембаргото на увозот на земјоделски производи кое беше воведено како одоговор на санкциите на Западот, до 31 декември 2017 година.

-Заради заштита на националните интереси на Русија и во согласност со Законот за специјални економски мерки и Законот за безбедност наложувам од 6 април 2016 година до 31 декември 2017 година да продолжат посебните специфични економски мерки кои се предвидени со указот на претседателот на Руската федерација „За примена на посебните, специфични економски мерки со цел осигурување на безбедноста на Руската Федерација, – се наведува во последниот указ на претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин.

Предходно и премиерот на Руската федерација, Дмитриј Медведев, коментирајќи го продолжувањето на ембаргото, нагласи дека на таа одлука Владата ја потикнале многубројните молби на домашните производители.Тој, притоа, ги повика стопанствениците да не го губат времето и далеку поактивно да ги користат можностите за зголемување на извозот.

Според мислењето на поранешниот министер за финансии на Руската Федерација, Алексеј Кудрин продолжувањето на ембаргото нема да влијае на соработката на Русија со меѓународните пазари, бидејќи ограничувањата се веќе на снага повеќе од една година.

Односите меѓу Руската Федерација и Западот се влошија заради состојбата во Украина.Земјите од Европската Унија прво воведоа индивидуални санкции кон физички лица, а потоа беа применети ограничувачки мерки по сектори, кои опфаќаат одредени гранки од стопанството.

Руската Федерација на мерките на Запад одговори со ограничување на увозот на прехрамбени производи од земјите кои и воведоа санкции.