Руската Федерација ја задржа водечката позиција во вселенската индустрија! Таа го задржа првото место по бројот на лансирања во вселената и работи на нови производи од областа на високата технологија во оваа област.
Ова неодамна го изјави претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, при одбележувањето на Деновите на космонаутиката.
-Русија цврсто ја држи водечката позиција во светот, – посебно подвлече Путин на свеченоста на 12 април 2016 година.
Осврнувајќи се на новиот космодром „Восточни“ кој се гради на далечниот исток на Руската Федерација, Путин најави дека првото лансирање од него е планирано на крајот од април.
-Во многу што, иднината не само на руската туку и на светската вселенска наука е поврзана со Вселенскиот центар „Восточни“, имајќи предвид дека овде планираме лансирања во интерес на нашата економија и дека заедно работиме со нашите странски партнери во рамките на меѓународната соработка, – истакна Путин.
-Денес руските научници, инженери и космонаути ја продолжуваат блескавата традиција на своите претходници, – заклучи рускиот претседател.Тој додаде дека руските стручњаци развиваат нови вселенски и ракетни технологии и заедно со странски партнери обезбедуваат ефикисна работа на Меѓународната вселенска станица.
Во оваа прилика Путин потсети дека Русија го направила првиот чекот во истражувањето на вселената – пред 55 години, колку што има поминато од летот на Јуриј Гагарин, тој беше прв космонаут на нашата планета што одлетал во вселената.
-Неговото легендарно лансирање стана едно од најсветлите и најзнаменитите случувања во минатиот век.Русија го направи првиот чекор во истражувањето на вселената, – додаде Путин.
И Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија неделава ја одбележа јубилејната годишнина од првото лансирање на рускиот космонаут Јуриј Гагарин во вселената.