Во третото тримесечје од 2018 година, во споредба со третото тримесечје од 2017 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е зголемено за 2.2 %, во воздухопловниот превоз за 68.5 %, додека во железничкиот превоз е зголемено за 20.9 %.
Во однос на второто тримесечје од 2018 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е намалено за 16.1 %, во воздухопловниот превоз е зголемено за 67.9 %, додека во железничкиот превоз е намалено за 9.1 % .
Во третото тримесечје од 2018 година, во однос на истото тримесечје од 2017 година, во патниот патнички превоз бројот на превезените патници е зголемен за 3.8 %, во градско-приградскиот превоз е намален за 0.6 %, во железничкиот превоз за 1.6 %, додека бројот на превезените патници во воздухопловниот превоз е зголемен за 14.1 %.
Во однос на второто тримесечје од 2018 година, бројот на превезените патници во патничкиот превоз е зголемен за 0.3 %, во градско-приградскиот превоз е намален за 20.5 %, во железничкиот превоз за 16.2 %, додека во воздухопловниот превоз е зголемен за 31.7 %. (Државнен завод за статистика)