И покрај државна поддршка руските авиокомпании работат нерентабилно, пишува “Комерсант”. Во 2016 година загубите им се зголемиле за 17,6% и достигнале до 10 милијарди рубљи (над 150 милиони евра) во споредба со   8,5 милијарди рубљи загуба во 2015 година.Во секторот стравуваат дека 2018 година може да биде драматична, доколку не се продолжат даночните олеснувањата. Најголеми се загубите во внатрешните превози. И покрај привременото намалување на ДДВ на 10%, овие летови им донесоа на авиокомпаниите 33 милијарди рубљи загуби ( 44,9 милијарди рубљи во 2015 година), коментира во изданието претседателот на Здружението на операторите на воздушниот транспорт, Владимир Тасун.

Оперативната добивка од летовите во странство не ги покрива загубите од внатрешни летови, бидејќи достигнаа едвај 23 милијарди рубљи или се 37% помалку во однос на 2015 година

Притоа, превозите на внатрешни линии се зголемиле за 7,3%, а на меѓународните се намалиле за 18,6%. Основни трошоци се зголемуваат, како што се закупите на авиони и аеродромските такси.

Со воведувањето на даночните олеснувања авиокомпаниите со брзо темпо го зголемуваа бројот на патницит почнувајќи од крајот на 2016 година За периодот јануари-април тој се зголемил за петина (20,8%) и достигнал 27,1 милиони патници. Владимир Тасун предупредува дека е рано за оптимизам, бидејќи пазарот е прегреен заради ниските цени, со кои компаниите се обидуваат да ги задржат патниците. Во меѓувреме, рускиот премиер Дмитриј Медведев деновиве соопшти дека Владата ќе продолжи и во 2017 година да ги субвенционира авиокомпании, благодарение на што бројот на внатрешни летови, реализирани со државните олеснувања, ќе се зголемат, пренесе ТАСС.