Во второто тримесечје од 2017 година, во споредба со првото тримесечје од 2017 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 2.5%, трошоците за материјали се повисоки за 0.9% и трошоците за вработените се повисоки за 6.4%.
Во второто тримесечје од 2017 година, во споредба со второто тримесечје од 2016 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 2.2%, трошоците за материјали се повисоки за 1.1% и трошоците за вработените се повисоки за 4.7%.
Индексите на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се наменети за преиспитување или мониторирање на трошоците направени од градежните претпријатија при изведувањето на процесот на изградба на нови објекти за индивидуално домување. Главни корисници на податоците за индексите на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се градежните претпријатија, кои се повикуваат на движењето на трошоците во градежништвото во калкулациите при склучувањето на градежните договори. (Државен завод за статистика)