Индексот на бројот на работниците во индустријата во октомври 2017 година, во однос на октомври 2016 година, изнесува 104.4.
Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во октомври 2017 година, во однос на октомври 2016 година, бележи опаѓање од 1.0%, во секторот Преработувачка индустрија пораст од 5.0%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 1.1%.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во октомври 2017 година, во однос на октомври 2016 година, бележи пораст кај Енергија за 0.3%, Интермедијарни производи, освен енергија за 12.8%, Капитални производи за 16.8% и Tрајни производи за широка потрошувачка за 1.4%, додека опаѓање бележи кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2.3%.
Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – октомври 2017 година, во однос на периодот јануари – октомври 2016 година, изнесува 101.8.
                                                                                 (Државен завод за статистика)