Во јануари 2018 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно се повисоки за 0.4% на месечно ниво, а за 2.8% на годишно ниво.
Во јануари 2018, во споредба со декември 2017 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 4.0%, во секторот Преработувачка
индустрија за 0.1 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се пониски за 0.8%.
Во јануари 2018, во споредба со јануари 2017 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 20.2%, во секторот Преработувачка индустрија за 1.6%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се пониски за 1.8%.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во јануари 2018 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се повисоки за 0.4% на месечно ниво, а за 3.4% на годишно ниво.
Во јануари 2018, во споредба со декември 2017 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 3.5%, а во секторот Преработувачка индустрија за 0.1%.
Во јануари 2018, во споредба со јануари 2017 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 32.2%, а во секторот Преработувачка
индустрија за 0.8%.(Државниот завод за статистика)