Стрес-сценарио во енергетската стратегијата на Руската федерација до 2035 година

РАСТ НА ЦЕНИТЕ ДУРИ ПОСЛЕ ЕДНА ДЕЦЕНИЈА!

Руското Министерство за енергија (Миненерго) предвиде стрес-сценарио во енергетската стратегијата на земјата до 2035 година, според презентацијата на министерот Александар Новак на владината комисија на ТЕК на 17 февруари 2016 година. Проценката на негативните ризици – беше задолжително барaње да даде одговор стратегијата, изјави претставникот на Министерството.

Според оваа Предлог- стратегија, која се базира на проценките за успорување на економскиот развој на Кина и другите Азиски земји, на раст на снабдување со нафта од евтините извори на Блискиот Исток, како и на нафта од шкрилци и гас од САД. Исто така, се калкулира и со фактот ос намалување на трошоците преку девалвацијата на валутата на земјите–произведувачи на нафта и соодветен раст на естракцијата на јаглеводороди. Во таков случај во Русија фирмите ќе се соочуваат со неможност да привлечаат нови кредити за сервисирање на оние кои биле земени претходно.

Стрес-сценариото ја вклучува опцијата кога цената на нафтата ќе биде ниво од $31-33 за барел во 2016-2017 година, и дека во 2020 година ќе порасне до $42/барел. Цените на гасот, исто така, ќе се зголемат во 2020 година до $175 за 1000 кубни метри и ќе бидат на истото ниво до 2025 година.

По 2020 година ќе има „остра криза на недостатокот на средства за развој на светската индустрија за нафта и гас„ како резултат на тоа прво ќе се зголеми цената на нафтата, а по 2025 година – и на природниот гас. Барел би можел да ја надмине вредност од $100, но не до 2025 година. Во минатата недела нафтата Brent имаше цена од $33,20/барел.

Со стрес-сценарио нафтената индустрија нема да ги постигне индикаторите на енергостратегијата. Така, целната опција на документот (враќање на цените оваа година до $65-75/барел, со последователен бавен раст до $100/барел до 2035 година) претпоставува дека екстракцијата ќе биде стабилна до 2035 година, 525 млн.т. и ќе се зголемува преку добрата конјуктура, конзервативно до ($55/барел во 2015 година со раст до 2020 година до $80/барел и $95-$105/барел до 2035 година) – намалување до 476 млн.т. (се претпоставува дека Urals ќе се врати на $80/барел во 2020 година). Естракцијата на нафтата според стрес-сценариото ќе може да се намали до 460 млн.т. во 2020-2025 година со последавателен незначителен раст, од 14% до 2015 година.

Според стрес-сценариото акумулираното плаќање данок ќе се намали до 60-65%, придонесите во БДП ќе се скратат на 60-65% до 2022 година, а капиталните инвестиции на 10 до 15%.

Индустријата за гас нема да ги стигне показателите на сценариото, генерално ќе биде овозможена реализацијата на конзервативната опција, т.е. естракцијата на гасот до 2035 година ќе може да се зголеми до 821 млр. куб.м. во споредба со 635,3 млр. во минатата година. Акумулираните плаќања на данок ќе се намалат до 20-25% до 2025 година, предонесите во БДП на 30-38% во наредните три години и капиталните инвестиции на 7-10%.

„Скалата на овие последици значително зависи од нивото на даночното оптоварување на индустријата и од можностите за привлекување на свеж капитал„. – објаснува претставникот на Миненерго.

Дејствувањето на даночниот систем на тековната цена на нафтата го демонстрира плаќањето на поголем број на извори, притоа повеќето од новите извори имаат сериозни даночни придобивки, но естракцијата се намалува на постоечките извори, објаснува вишиот аналитичар од „Атона“, Александар Корнилов.

Беше планирано уште во 2014 година да се усвои енергостратегијата до 2035 година, но поради санкциите и паѓањето на цените на нафтата нејзиното разгледувањето беше одложено. Врз основа на оваа стратегија се планира да се подготват главните шеми на развој за гасната, нафтената, јаглената и енергетската индустрија. Во протоколот на сесијата на претседателската комисија на ТЕК, која се одржа на 27 октомври 2015 година, беше изјавено дека Миненерго ќе ја финализира стратегијата, и исто така, нафтените и гасовните главни шеми до средината на август оваа година.

Ситуацијата на светскиот пазар брзо се менува, и се да се земе во предвид во стратегијата е многу тешко, смета директорот на Small Letters, Виталиј Крјуков. Затоа, овој документ на крај ќе може отстапува од реалноста и во него нема да има смисла, додаде тој. (Ведомости)