Оваа година странските инвеститори во Руски акции имаат вложено рекорден износ на средства од 2010 година наваму.
Од почетокот на ноември, меѓународните инвеститори го зголемија вложувањето во рускиот пазар на капитал. Според податоците од Ситибанк, вкупниот обем на странски инвестиции во руски акции за една недела до 22 декември бил 120 милиони $. Резултатот бил уште подобар претходната недела.
Вкупниот годинашен прилив изнесува 727 милиони долари. Ова е прв позитивен годишен резултат од 2012 година (кога странските инвеститори имаат инвестирано во Руски акции 410 милиони) и максимален резултат од 2010 година (3,3 милијарди $).
Постојаниот интерес на странските инвеститори за рускиот пазар на крајот на годинава ги зголеми берзанските индекси на историски максимум. Во декември, индексот ММВБ достигна невидени висини: 2.258,1 поени. Дури и ако се земе предвид подоцнежното намалување од 3,5% (на 2178 поени на 26 декември), од почетокот на годината акциите се зголемиле за 23,7%.
Очекувањето дека американските санкции ќе бидат олеснети дополнително ќе придонесат за натамошен прилив на инвестиции во Русија, барем до инаугурацијата на Доналд Трамп, пишува „Комерсант“.