Индексот на индустриското производство во Република Македонија во мај 2016 година, во однос на мај 2015 година, изнесува 105.3.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во мај 2016 година, во однос на мај 2015 година, бележи опаѓање од 19.8%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 11.7%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 18.4%.
Порастот во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на пијалаци, Производство на тутунски производи, Производство на облека, Производство не електрична опрема, Производство на машини и уреди, неспомнати на друго место и Производство на моторни возила, приколки и полуприколки.
Според главните индустриски групи, производството во мај 2016 година, во однос на мај 2015 година, бележи пораст кај Капитални производи за 34.5%, Трајни производи за широка потрошувачка за 4.4% и Нетрајни
производи за широка потрошувачка за 8.2 %, додека опаѓање бележи кај Енергија за 24.9 % и Интермедијарни производи, освен енергија за 0.2%.
Индексот на индустриското производство во периодот јануари – мај 2016 година, во однос на периодот јануари – мај 2015 година, изнесува 108.0.
(Државен завод за статистика)