Според податоците од Структурното истражување за земјоделските стопанства направено од Државниот завод за статистика, вкупниот број на земјоделски стопанства во Република Македонија изнесува 178 125. Просечно, едно земјоделско стопанство користи 1.8 хектари земјоделско земјиште и има 2.1 добиточни единици.
Вкупното користено земјоделско земјиште од страна на земјоделските стопанства изнесува 320 738 хектари, а од вкупниот број на стопанства, 60.8% користат до 1 хектар земјоделско земјиште. Земјоделските стопанства имаат вкупно 381 361 добиточна единица.
Од техниките на ѓубрење, 37.9% од земјоделските стопанства користат нанесување на ѓубривото без заорување во почвата, додека од методите на наводнување, најчесто користен е методот на површинско наводнување.
Во согласност со Регулативата на ЕК број 1166/2008, во јуни 2016 година Државниот завод за статистика го спроведе Структурното истражување за земјоделските стопанства.
Структурното истражување за земјоделските стопанства е едно од основните статистички истражувања во областа на земјоделството кое се спроведува на секои три години и обезбедува споредливи податоци за земјоделските стопанства.