Туристичката индустрија на Руската Федерација, како и во другите земји, се судира со сериозни тешкотии предизвикани од пандемијата на коронавирусот. Федералната агенција за туризам на Русија (Ростуризам) излезе со низа идеи кои треба да придонесат за зголемување на бројот на странски посетители во руските туристички центри и санирање на направените штети.Еве дел од нив:
-Во многу блиска иднина возобновување на приемот на документи за туристички и електронски визи во конзуларните одделениа на Руската Федерација;
-Издавате туристички визи за странци за период до 5 години со намалување на условите за нивно оформување;
-Проширување на списокот на држави во кои ќе се аплицира за електронска виза за Русија и таа да биде повеќекратна;
– Аплицирањето за електронска виза да биде возможно три месеци пред патувањето.