Руската рубља полека полека почнува да наликува на „валутен Лестер“ на пазарите во развој.Во минатата година рубљата беше пласирана меѓу последните пет валути по своите показатели, додека годинава нејзиниот пласман досега е на – третото место.Тоа се случува во ситуација кога стопанските активности на Русија се намалени за 0,6 отсто во однос на истиот период од минатата година, покажувајќи на тој начин најмало квартално намалување во изминатата година и половина.
Руската валута веројатно ја чека светла иднина, бидејќи трговците со оптимизам гледаат на долгорочните перспективи на рубљата од средината на 2014 година, – пишува „Блумберг“.
Додека заработките на пазарите паднаа под нулата од Јапонија па се до Европа, Руската Федерација благодарејќи на основната стапка од 10,5 отсто стана популарно место за инвестирање на капиталот кој ефтино е земен како кредит на други места.
Рубљата стана една од најдобрите валути на пазарите во развој, – оценува Сад Садики, аналитичар на прстижната „ЈП Морган Чејс“.
Годинава руската валута зајакнала за 14 отсто и така го демонстрираше најдобриот резултат на пазарите во развој, се уште само зад бразилскиот реал и јужноафриканската ранда.А, ова е радикално подобрување во однос на јануари, се наведува од влијателниот „Блумберг“.
Глобалната трка за приходи и помогна на рубљата да опстане во услови на опаѓањето на цената на „црното злато“ во овој квартал.Цената на нафтата „брент“ од почетокот на јуни се намали за 7 отсто, а рубљата зајакна за речиси 1 процент, – наведува „Блумберг“. Месечниот однос на рубљата во однос на цената на нафтата падна за 0,5 отсто и тоа е најнискиот показател во овие две години.
Курсот на рубљата ќе остане стабилен во идните три години, но под услов просечната цена на нафтата да се движи на ниво од 40 долари за барел, изјави деновиве рускиот министер за финансии Антон Силуанов.Според него, на крајот од говинава ќе започне и растот на руската економија.
-Планираме цена на нафтата да се движи околу 40 долари за барел во следните три години. Поаѓајќи од тоа, ја имаме проценката за стабилноста на рубљата. Рамнотежата сериозно нема да се менува доколку се остварува проценетата цена на нафтата, – додава Силуанов.
На таквата оценка и одговараат и новите „ветришта“ во руската економија.Овој руски министер наведува дека пред неколку години во руската економија доминирал извозот на стоки.
-Сега е обратно: преовладуваат индустриите кои произведуваат производи со додадена вредност, – нагласува Силуанов
Министерот за финансии наведува дека задржувањето на дефицитот на ниво од 3 отсто од БДП нема да биде едноставна задача. Тој очекува годинава приходите во федералниот буџет од акцизите на алкохолни пијалоци да се зголемат за 10 отсто.
-Владата има потреба од уште над 100 милијарди рубљи (околу 1,5 милијарди
долари), за да се остварат во целосен обем мерките за поддршка на економијата во 2016 година, – оценува Силуанов.
Европската банка за обнова и развој, пак, ја обнови прогнозата за Руската Федерација и очекува ниските цени на нафтата и недостатокот на инвестиции да доведат до рецесија во 2016 година. Експертите очекуваат оваа година руската економија да забележи пад за 1,2 отсто, а во 2017 година да се врати на патот на раст. Во минатата година БДП на Русија се намали за 3,7 отсто. Кое предвидување ќе се оствари, останува да се – потпричека!
                                                                                               Подготвил: Саво Пејчиновски