Инфлацијата во Русија во првата недела на јуни изнесувала 0 отсто.Тоа е прв пат од почетокот на оваа година Русија на неделно ниво да нема инфлација. Сепак, според соопштението на Росстат, инфлацијата од почетокот на годината е зголемена на 2,9 отсто.
Уште еден сигнал покажува дека економијата на Руската федерација полека се стабилизира во услови на санкции. Имено, Руската рубља се искачи на седум-месечен максимум благодарение на растечките цени на нафтата. Поради тоа е зголемен притисокот на централната банка да ја намали референтната каматна стапка.
Рубљата зајакна на околу 64,48 рубљи во однос на доларот, што е најдобар резултат од ноември и на 73,22 рубљи во однос на еврото. Закрепнувањето следеше откако цените на нафтата, која е клучен извор на приходи за руската економија, значајно се зголемија од почетокот на годината, откога претоа се лизнаа на најниското ниво за последните десет години.
Растот на цената на нафтата и зајакнувањето на рубљата ќе го зголеми притисокот врз централната банка да ја намали РЕПО каматната стапка со цел да воздивне малку погодената од рецесија економија на Русија.
-Растот на цената на нафтата и подобрите економски показатели се сигнал дека, дури и на краток рок, ризиците по ценовната стабилност се намалуваат, -порачаа од банката VTB Capital.
-Курсот на рубљата веќе не се наоѓа во директна зависност од цената на нафтата.Не него влијаат и други фактори, изјави деновиве министерот за финансии на Руската Федерација, Антон Силуанов, и на тој начин посредно открива зошто се стабилизира рубљата, покарај растот на цената на „црното злато“
– Сега нема така оштра директна зависност на нафтата од курсот на рубљата, дообјацнува Антон Силуанов, – На рубљата сега влијаат повеќе фактори, од кои би ги споменал одлуките на Федералните резерви за подигање на каматната стапка.
          Цената на нафтата во последните неколку месеци порасна за скоро 8 долари за барел или за околу 17 отсто.Доларот ослабна во однос на рубљата за 2,6 отсто.