Бруто-плата по вработен
Индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во јули 2018 година, во однос на јули 2017 година, изнесува 106.0.
Ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Рударство и вадење на камен (25.1 %), Информации и комуникации (15.6 %) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (12.0%).
Намалување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (3.7 %), Преработувачка индустрија (2.1 %) и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (1.3 %).
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во јули 2018 година изнесува 35 322 денари.
Нето-плата по вработен
Индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јули 2018 година, во однос на јули 2017 година, изнесува 106.2.
Ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Рударство и вадење на камен (26.6 %), Информации и комуникации (15.1 %) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (12.6 %).
Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (3.8 %), Преработувачка индустрија (2.1 %) и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (1.2 %).
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јули 2018, изнесува 24 072 денари.(Државен  завод за статистика)