Рудникот за бакар и злато „Бучим“ од Радовиш, членка на Македонско-руската стопанска комора,  донесе одлука да донира 50.000 евра како поддршка на здравствениот систем на земјава, со цел да се справи со пандемијата.

Заменик менаџерот на рудникот „Бучим“, Николајчо Николов вели дека 40.000 евра ќе бидат префрлени на посебната донаторска сметка на Министерството за здравство, а финансиската помош во висина од 10.000 евра ќе бидат донирани на сметките на локалните здравствени домови во Радовиш, Штип и Струмица.

– Во овој исклучителен тежок период за сите нас и предизвикот со кој се соочуваме неопходно е да помогнеме онаму, каде што е потребно со придонес кој е од исклучително значење за справување и брзо надминување на кризата. Во рудникот „Бучим“ се применуваат сите превентивни мерки доставени од надлежните органи, бидејќи како и досега безбедноста и здравјето на нашите вработени е наш приоритет и суштина на сето она што го правиме, – вели Николов.

Според неговите зборови,  преземени се низ превентивни мерки, а вработените кои имаат сомнителни симптоми остануваат дома во интерес на здравјето на остантите вработени. Во изминиоатиот период радовишки „Бучим“ донираше заштитни маски на вработените во Полициската станица, Здравствениот дом, Противпожарната единица, на вработените во општинската администрација, како и на волонтерите на Црвен Крст.