Рускиот интернетски гигант “Јандекс” и  “Сбербанк” ги соеднуваат силите со цел да создадат платформа за интернет трговија, со што ќе се отворат нови можности за големите меѓународни играчи, вклучувајќи ги и он-лајн продавниците од Кина.Според  најновите податоци русите  повеќе сакаат да купуваат  од странски електронски продавници.
Многу сектори на руската економија се монополи, но тоа не се однесува на електронската трговија, каде што на домашниот пазар нема гиганти како што се  “Амазон” во САД или “Алибаба” во Кина.  Низа години Yandex.Market работи како агрегатор за безброј онлајн – продавници во земјата,  но еден нов амбициозен проект може да се постигне ново ниво во оваа област.
Деновиве фирмата „Јандекс“ објави дека разработува водечки екосистем за е-трговија со најголемата руска банка “Сбербанк”.Џоинт венчерот или заедничкиот потфат  ќе се базира на Yandex.Market платформата,  а  “Сбербанк” планира да инвестира околу 500 милиони американски долари. Вкупната вредност на проектот се очекува да достигне 1 милијарда долари,  со вклучување на партнери кои ќе имаат еднакви делови во него.
Платформата ќе создаде нови можности за меѓународните  играчи, соопштуваат од страна на “Сбербанк”, и дополнуваат дека  потрошувачите ќе може да купуваат  производи од различни он – лајн продавници на еден сајт.
Вкупните електронски продажбата во Русија во текот на 2016 година достигнаа над 15 милијарди долари, што е за 20% повеќе од  обимот на продажбите во претходната година, зборуваат податоците на Здружението на компании за е-трговија (АФЕТ).
Yandex.Market е еден од најголемите играчи во земјата и привлекува повеќе од 20 милиони корисници месечно, но компанијата покрива едвај  околу 10% од пазарот.
Други големи компании на е-трговијата во Русија се и  “Озон” и “Улмарт”,  но русите почесто за набаки кликаат на  странски он-лајн платформи: една третина од сите онлајн купувања во земјата во текот на 2016 биле направени на надворешни он-лајн трговци –  покажуваат  податоците на АФЕТ. Речиси 90% од овие купувања  се од  кинески он-лајн продавници.