Во првата половина на 2017 година во Русија е забележан значителен пад во продажбата на алкохол во споредба со истиот период од претходната година, покажуваат податоците на Федералната служба за регулација на пазарот на алкохолни пијалоци.
Продажбата на водка се намалила за 20% и достигнала 318 милиони литри, на вино за 15% и се испиле 223 милиони литри, а на шампањското опаѓањето е дури за 40% и достигнало до 63 милиони литри потрошувачка за шест месеци. За 10% е зголемена продажбата на пијалоци на основа на виното и на пазарот од нив се продадени 127 милиони литри. Трговските синџири и домашните производители, исто така, бележат опаѓање на продажбата, но не во толку голема мерка.
Експертите сметаат дека русите водат економија кога е во прашањето алкохолот, кој станува се поскап заради постојаното зголемување на акцизата. Опаѓањето на продажбата на вино и вотка го потврдува и Марија Курносова, директор за комуникации во “Ашан Русија”. Според нејзините зборови, најголем е падот кај водката.
Кај вината и шампањското најголемо е намалувањето на продажботи кај увозните производи. Продажбата на шампањ од француската провинција Шампањ опаднала дури за една третина. Потрошувачите се префрлаат на поевтини пенливи вина, чии продажби се зголемуваат од крајот на минатата година. Како што објаснува експертот, тоа е резултат на порастот на акцизата.
Марија Курносава додава дека традиционално во Русија потрошувачката на квалитетно вино е во рамките на 2 литри по глава на жител годишно, додека во Европа надминува 20 литри. Поголемиот дел од потрошувачите не сакаат да преземат ризик со купување на непознато вино и купуваат или проверени марки или чист алкохол.
И од Мetro, Cash & Carry, исто така, ги потврдуваат опаѓањата во продажбата на пенливото вино и вотката, но и тие бележат раст на пласманот на вино.
Потрошувачите штедат со тоа што купуваат наместо вино поефтини напитоци на основа на вино, вели претседателот на Сојузот на лозари и винари, Леонид Поповиќ. И ладното лето во Русија не ја потпомага продажбата на вино.
Притоа, презентираните официјални податоци не ја земаат во обзир трговијата во руралните средини, посочуваат авторите на статистичките податоци. Овие податоци почнале да се следат во информационите системи од 1 јули годинава.
Во руралните области се трошат 17% од сите продадени алкохолни пијалоци, покажуваат податоци од Центарот за федерални и регионални следења на пазарот на алкохол. Во повеќето населени места нема продавници каде што би се продавал алкохол.
Според податоците на Министерството за здравство во 2016 година Русите испиле 0,2 литри алкохол помалку во споредба со 2015 година.