Руското Министерство за земјоделство предлага производителите на млечни производи од Евроазиската економска унија да бидат обврзани на етикетите да го објават делот на немлечни масти во производите. Ова го соопшти првиот заменик-министер за земјоделство на Руската Федерација, Джамбулат Хатуов на меѓународната конференција “Безбедноста на производството на храна и анализа на ризикот”. Предлогот за измена на регулативата за млечните производи на царинската унија е поднесена до Евроазиската економска комисија. Се предлага производителите да го „откријат“ делот на немлечните масти и да го појаснуваат составот на производот.

Иницијативата има за цел да се ограничат можностите за измами на корисниците. Претходно, заменик-министерот за земјоделство на Руската Федерација, Евгениј Непоклонов, им соопшти на новинарите дека Казахстан го кочи усвојувањето на означувањето на производите со палмово масло во Евроазиската економска унија. Руското агроминистерство планираше во 2017 година да воведе ознака на млечните производи со содржина на палмово масло на предната страна на пакувањето и да забрани овие производи да се нарекуваат “млечни”. Во моментов прашањето за обележување се дискутира во Евроазиската економска комисија.