Испораките на руските земјоделски производи во странство од почетокот на годинава пораснале и достигнале вредност од 26 милијарди долари заклучно со 24 октомври.Ова го покажуваат податоците на одделението „АгроЕкспорт“ при Министерството за земјоделство.
Оваа бројка е за 19,5 отсто поголема отколку во истиот период од минатата година.Извозот на житарки пораснал за 11,6 отсто и достигнал преку 8 милијарди долари, додека продажбата на риба и морски плодови пораснала за 21,1 отсто на 5,1 милијарди долари.Пласманот во странство на производи од маст и масло за јадење скокнале за 47,5 отсто на 5,35 милијарди долари.Извозот на производи од прехрамбената индустрија пораснал за 8,9 отсто на 3,5 милијарди долари, додека пласманот на производите од месо и млечни производи пораснале за 29,9 отсто на повеќе од милијарда долари.
Европската Унија и Турција биле најголеми увозници на руските земјоделски производи со 13 отсто и 11,8 отсто од вкупниот извоз.Кина исто така го зголемила увозот на руски производи од почетокот на годинава за 36,4 отсто и ја достигнала сумата на повеќе од три милијарди долари.
Меѓу 10 најголеми увозници на руските земјоделски производи се и Јужна Кореа, Казастан, Египет, Белорусија, Украина, Узбекистан и Азербејџан.
Министерството за земјоделство на Руската Федерација очекува дека обемот на извозот на земјоделски производи од оваа земја до крајот на годинава ќе ја достигне сумата меѓу 34 и 35 милијарди долари, пишува „Русија денес“.