Руската влада ја внесе солта на листата на производи кои се најдоа под ембарго, ова е објавено на официјалниот портал за правни информации. Документот стапува на сила на 1 ноември 2016 година.
Ограничувањето на увозот на сол во Русија се однесува и на индустриската сол и на чистиот натриум – хлорид .
Според податоците на Федералната царинска служба на Руската Федерација, во 2015 година половина од увозот на сол (49,1 отсто) во Русија го вршеле украинските извозници, а на второ место се наоѓа Белорусија (36,7 отсто од вкупниот увоз). Солта се увезувала и од Казахстан, Турција, Холандија и Данска. Притоа, на почетокот на 2015 година “Роспотребнадзор” вовела забрана за увоз на сол од украинската компанија “Артемсол”, која е најголем увозник, бидејќи нејзините производи не одговарале на руските барања.