Од 1 декември 2022 година, Роселхознадзор (Федерална служба за ветеринарен и фитосанитарен надзор) забранува увоз во Русија на производи кои се под карантин од Република Северна Македонија со македонски сертификат, а исто така и со македонско потекло, но увезени под фитосанитарни сертификати од други држави. Мерките се преземени поради откривање на исклучително опасен карантински објект за Русија и земјите членки на Евроазиската економска унија – кафеавата мермерна бубачка (Halyomorpha halys) во јаболка увезени од Северна Македонија.

Ограничувањата се воведуваат врз основа на член VII од Меѓународната конвенција за заштита на растенијата (Рим, 1951 година, изменета во 1997 година) и Федералниот закон бр. 206-ФЗ од 21 јули 2014 година „За карантин на растенијата“ и се насочени кон заштита на фитосанитарна благосостојба на Русија.

Кафеавата мермерна бубачка е опасен штетник кој е закана за различни видови на земјоделски производи (оштетува повеќе од 100 растителни видови), што може да доведе до намалување на приносите до 80% од важните земјоделски култури, вклучитејќи ги житарките и овошјето.

Возрасните бубачки летаат добро и можат самостојно да се раселуваат на долги растојанија, па дури и подалеку – преку стоки и транспорт. Покрај тоа, бубачките и нивните ларви можат да се движат преку растенија – овошје и саден материјал (овошни, бобинки, градинарски култури). Штетата на руското земјоделство од потенцијалното ширење на кафеаво-мермерната бубачка може да биде до 2 милијарди рубли годишно.