Руската Федерација поднесе жалба до Светската трговска организација за анти-дампинг мерките коишто Европската унија ги воведе за некои производи од руската металургија, соопштува руското Министерство за економски развој.
Антидампинг тарифите беа воведени во август 2016 година. Тие изнесуваа 18,7% за “Магнитогорскиот металуршкиот комбинат”, 34% за компанијата “Северстаљ” и за “Новолипецкиот металуршкиот комбинат” и други компании дури 36,1%.
Министерството истакнува дека причина за поднесување жалба се бројните прекршувања на правилата на Светската трговска организација, коишто Европската комисија ги има направено за време на анти-дампинг истрагата.
Првата фаза во постапката за решавање на спорови што ќе се покренат во рамките на СТО вклучува консултации помеѓу страните кои бараат решение за нивниот спор.
-Ако со помош на тие консултации не се најде решение, Русија може да и се обрати на Светската трговска организација со барање за формирање на арбитражна група за постапување по спорот”, – објаснуваат од министерството.
Во ноември 2016 година, “Севарстаљ” и “Новолипецкиот металуршкиот комбинат”, исто така, поднесоа жалби на одлуката на Европската комисија за воведување на давачки за ладно валаниот челик до Европскиот суд со општа јурисдикција. И компаниите веруваат дека оваа одлука на европските официјални органи е незаконска.
“Северстаљ” во 2015 година вкупно продал 1.336 тони ладно валан челик, вклучувајќи и 200 до 250 илјади тони на европски компании. „Новолепицкиот металуршки комбинат“ во 2015 година реализирал 1.446 милиони тони од оваа класа на производи, а околу 250 илјади тони се испорачани во земјите на Европската унија.