Руската служба за ветеринарен и фитосанитарен надзор (Россељхознадзор) ја објави листата со производи од живина, кои нема да можат да се увезуваат во Русија од европски земји со констатирани огништа на птичји грип.
Санитарната Служба појаснува во своето соопштение, кое го пренесува ТАСС, дека рестриктивните мерки за увоз на инкубациони јајца (јајца за ведење) ќе важат само за одделни административни реони, а не за цели држави.
Забраната за испорака на месо и производи од живина ќе засегне цели земји – Австрија, Велика Британија, Унгарија, Бугарија, Грција, Германија, Италија, Холандија, Полска, Романија, Словачка, Франција, Хрватска, Чешка, Шведска.
До подобрување на ситуацијата овие земји нема да можат да извезуваат во Русија живина, готови месни производи од живина, а исто така и секакви други производи од живина, вклучувајќи храна и прехранбени адитиви. Ограничувањата нема да се однесуваат само храна која е од растително потекло или се произведува како резултат на хемиска и микробиолошка синтеза.
Руската ветеринарна и фитосанитарна служба соопштува дека ќе биде ограничен увозот на половна опрема за одгледување, колење и чистење на живина.. Росселхознадзор планира да ја воведе забраната за увоз на производи од живина од горенаведените земји од ЕУ во следните две недели.
-Засега не е одреден точниот датум, – објави претходно портпаролката на ресорното Министерство, Јулија Мелани.