Русија би можела да преземе дел од своите девизни резерви и да ги вклучи во кредитирање  на купувачите на руските извозни стоки и услуги. За таа цел  би можеле да се искористат средствата  кои сега се наоѓаат врзани  во американските хартии од вредност – на крајот на минатата година нивната вредност изнесувала 86,1 милијарди долари.
Рускиот премиер Дмитриј Медведев им наложил на Министерството за финансии и на Министерството за економски развој, со учество на “Рускиот извоз центар”, да разработат предлог за осигурување на  конкурентни услови за кредитирање на странски купувачи  на стоки и услуги од руско потекло, вклучувајќи го и користењето на државните финансиски активи во странска валута.
Извор на сајтот “Газета” во Руската влада соопшти дека западните извозно-увозни банки даваат кредити за извоз со минимална каматна стапка од 0,3 до 1 отсто.
За руските банки кои обезбедуваат финансирање на извозот не постојат евтини извори на финансирање, што значи дека ресурсите што ги добиваат се скапи и неконкурентни.
Резервите на Министерството за финансии се распоредени со камати на  Лондонската меѓубанкарска  стапка, па дури и пониски,  во американските и европските должнички хартии од вредност. Изворот на  порталот “Газета” наведува дека дел од овие средства може да бидат пренасочени за финансирање на домашните кредитни институции кои го поддржуваат извозот.
На крајот на 2016 година, Русија имала американски државни обврзници во вредност од  86,1 милијарди долари. Ако се спореди со декември 2015 година, ова портфолио се намалило за 6 милијарди долари или за 6,5 отсто.
Русија по вложувањата во американски обврзници значително заостанува зад Јапонија и Кина, кои  на крајот на минатата година имале 1,09 трилиони, односно 1,06 милијарди долари влоќени во американските обврзници.