Асоцијацијата на претпријатиа од кондиторката индустрија (Асконд) очекува дека Русија ќе ја надмине Швајцарија во извозот на чоколадо во 2021 година, наведуваат од ова руско здружение.

-Рускиот извоз на чоколадо и чоколадни производи се зголеми за 18,6 проценти до крајот на првиот квартал од 2021 година. Со оглед на сегашната динамика на извозот, Асконд предвидува дека руските производители на чоколадо ќе ги надминат швајцарските производители до крајот на 2021 година, – објаснуваат надлежните од оваа Асоцијација, а пренесува ТАСС.

Според податоците од Меѓународната трговска статистика и агенцијата Comtrade при Обединетите нации, Русија досега беше на 11 -то место во светот според извозот на чоколадо.

Според оваа статистика, Руската Федерација лани извезла чоколадо во вредност од 729,2 милиони долари, или во количина од 295,700 тони, додека Швајцарија беше на 10 -то место, со 109,800 тони и 753 милиони долари приход.