Според предвидувањата на Рускиот сојуз за житни култури оваа година ќе се собере вкупен род на жито во Руската Федерација меѓу  115 и 118 милиони тони, што е резултат блиску до рекордот од  минатата година. И во 2016 година родот беше околу 120-121 милиони тони жито.

Кубањ стана вистински лидер меѓу руските региони според приноси на житните култури, рушејќи ги сите минатогодишни рекорди.

Кубањ годинава ги надмина рекордите што ги постави во 2016 година, и  стана вистински лидер меѓу руските региони по приноси на житните култури, објави прес-службата на администрација на регионот Краснодарск.

Кубан го надмаши својот минатогодишен рекорд по приносите, вклучувајќи го и квалитетот на житни култури. Оваа година, без разлика што беа засеани речиси 50 илјади хектари помалку, приносот изнесува 10 милиони и 364 илјади тони, 212 илјади тони повеќе од минатата година. што беше нагласено во министерството.

Како што наведува локалното Министерство,  приносот во регионот изнесува 63,3 метрички центи по хектар.

Родот на зрнести култури во областа Кубан се уште е највисок  во Русија, а дури потоа следат и други региони на југот од Русија, истакнуваат во Министерството за земјоделство на  Кубањ, а пренесува РИА Новости.

Како што  тие нагласуваат,  повикувајќи се на Министерството за земјоделство на Русија,  засеаните површини во  Ростовската област се речиси двојно поголеми, или попрецизно  2,9 милиони хектари во однос на 1,6 милиони хектари. Бруто приносот таму,  како што се истакнува, ја надминува бројката од над 12 милиони тони со просечен принос од повеќе од 40 метрички центи по хектар. Во Ставрополскиот крај, пак, земјоделците прибраа околу девет милиони тони жито, а регистираниот просечен род изнесува 43,4 метрички центи по хектар.

Покрај ваквата споредба по приноси по региони на рускиот југ, има  уште нешто многу важно, а тоа е  фактот дека 85 отсто од собраната летнина  во Кубањ е со исклучително висок квалитет, потребен за изработка на леб и печива.
Од Секторот, исто така, се соопштува  дека во овој регион наскоро ќе почне жетвата на пченка на 679,5 илјади и на ориз на 122 илјади хектари.