Поради воведувањето на заштитни царини на увозот на челик и алуминиум, на САД им се закануваат контрамерки од нејзините трговски партнери. Ни Русија нема намера без приговор да ги прифати настанатите дополнителни трошоци
Русија во Светската трговска организација (СТО) пријави можни санкции против САД како одговор на американските казнени царини за челик и алуминиум. Покрај Русија, i Јапонија и Турција најавиле одмазднички царини, соопшти СТО.
Во сопштението казнените царини на САД се означени како протекционистички мерки на кои другите земји, согласно меѓународното трговско право, смеат да реагираат со наметнување на соодветни сопствени мерки.
Ни Русија ниту Јапонија не наведоа кои американски извозни производи ќе бидат погодени од контрамерките. Турција, пак, наведе 22 американски производи, вклучувајќи ореви, ориз и тутун, како и автомобили и производи од челик.(Дојче Веле)