Руската Федерација ги иззема месото и зеленчукот наменето за производство на храна за бебиња од списокот на намирници опфатени со ембаргото на увоз на прехрамбени производи. Оваа одлука ја потпиша кон крајот мај премиерот на Руската Федерација, Дмитриј Медведев, а деновиве стапи на сила.

Во мометов на снага е ембарго на увоз на одредени производи од земјите на Европската унија, САД, Канада, Австралија и Норвешка, кое го воведе Русија во август 2014 година како одговор на санкциите на западните земји.Забраната се однесува на месо, колбаси, риба и морски плодови, зеленчук, овошје и млечни производи.

Најновите промени се однесуваат на замрзнатото месо на крупна стока, живина и изнутрици, како и на замрзнат и сушен зеленчук.Нивниот увоз за производство на храна за бебиња ќе биде можен „со потврда за специјална намена“, се наведува во документот.

            Министерството за земјоделство ќе дава потврди за увоз на стоката, тоа исто така ќе го утврдува и обемот на увезените производи врз основа на потребите на производителите на храна за бебиња и достапноста на производството на територијата на Русија.