Исклучок е можен само ако на територијата на Евроазиската економска унија или Русија ги нема потребните стоки или услуги.

Кабинетот на министри на Русија донесе одлука со која се воведува забрана на увоз на странска стока за потребите на националната одбрана и безбедност, со исклучок на производите од земјите-членки на Евроазиската унија, се наведува во документот.
Документот е објавен на официјалниот портал за правни информации на Руската Федерација.Во одлуката се наведува дека се воспоставува забрана на увозот на стоки и услуги од странски земји, иземајќи ги членките на Евроазиската економска унија “за потребите на националната одбрана и државната безбедност”.
Исклучок од ова е можен само ако на територијата на Евроазиската економска унија или Русија ги нема потребните стоки или услуги. Заедно со документот е приложен детален список на забранети стоки од странски земји, а исто така се пропишуваат и исклучоци.(Руска реч)