Руската влада предлага зголемување на данокот на додадена вредност во земјата од 18 на 20 отсто од следната година, а воедно предложи план за постепено зголемување на возраста за пензионирање за мажи и жени.
Говорејќи на владиниот состанок, Медведев рече дека според нацрт-планот, периодот на транзиција  на зголемување на пензионерската граница  ќе биде “прилично долг”.
„Предлагаме релативно долг период на транзиција – со почеток во 2019 година, предлагаме постепено зголемување за да се стигне до пензионирање кај мажите од 65 до 2028 година и 63 за жени во 2034 година”, истакнал Медведев.
Според Медведев, постепеното зголемување на старосната граница за пензионирање “ќе помогне во искористување на дополнителни средства за справување со инфлацијата и зголемување на пензиите”.
Сегашната возраст за пензионирање кај мажите во Русија е 60 за мажи и 55 за жени.