Русија планира во наредните денови да ги возобнови летовите во цивилниот авиосообраќај со голем број земји, вклучувајќи го и САД и да го зголеми бројот на летови за уште неколку држави. Ова го соопшти заменик-премиерот на Руската Федерација, Татјана Голикова на брифинг со новинарите.
Како прво, оваа одлука значајно ќе влијае на Турција, која е популарна меѓу руските туристите, но обемот на авиособраќајот беше значајно ограничен од средината на април поради раст на заболените од коронавирусот, а сега се планира да биде обновена веќе од 22 јуни.
Руската згенција ТАСС ги објавува новите одлуки на оперативниот штаб.
Враќање на Турција, отварање со САД
Оперативниот штаб сметаше дека е целисходно да се обноват летовите со Турција од 22 јуни. Инциденцата во земјата е намалена 10 пати во споредба со средината на април, а инспекцијата на руски експерти, според Голикова, покажала високо ниво на усогласеност со анти-епидемиските мерки, и покрај некои забелешки. Русија ќе ги врати и редовните и чартер летовите со Турција по должината на линиите и по фреквенцијата договорена пред нејзиното суспендирање.
Од 28 јуни беше одлучено да се продолжат редовните летови со Соединетите американски држави на линијата Москва – Вашингтон и Москва – Њујорк. Оперативниот штаб, исто така, предложи нови дестинации кон Белгија, Бугарија, Јордан, Ирска, Италија, Кипар и Северна Македонија, земји кои се внесени во списокот на земји „отворени“ од тој датум.
Од 28 јуни Русија исто така очекува да го зголеми бројот на летови кон некои земји, каде летовите веќе беа дозволени порано. Тоа се Австрија, Азербејџан, Ерменија, Грција (вклучително континенталниот дел, но и и островите), Катар, Финска, Хрватска и Швајцарија. Оперативниот штаб ќе и предложи на владата да ги вклучи Кина и Лихтенштајн во списокот на држави чии граѓани (лица со дозвола за престој или кои трајно престојувааат таму) имаат право да влезат во Русија.
Проблем со вакцинацијата
Татјана Голикова ги повика Русите кои планираат да патуваат во странство да се вакцинираат против коронавирус. Според неа, и покрај фактот што руските вакцини сè уште не се признати од Светската здравствена организација, неколку земји веќе објавија подготвеност да ги прифатат Руските граѓани вакцинирани со домашна вакцинација, пред се со најпопуларниот „Спутник В“. Вицепремиерот не прецизираше за кои држави станува збор.
Ревакцинација во Русија
Во моментов, 19,7 милиони луѓе во Русија примиле барем по една доза на вакцина, и двете – 16,1 милиони, информираше Голикова. Како што претходно беше објавено, за да се постигне колективен имунитет, властите очекуваат да вакцинираат 68,6 милиони луѓе, односно планот е исполнет за 28,7%, дури и земајќи ги предвид ионие кои штотуку започнале со вакцинација. Во исто време, во последните два дена, односно по одлуките на голем број региони (првенствено Москва и Московскиот регион) за задолжителна вакцинација за работници во голем број сфери, обемот на вакцинација е зголемен.
На ниво на државата растот беше 5%, а во московскиот и во сахалинските региони – околу 30%. Поради тешката епидемиска состојба, Голикова ги повика оние кои биле вакцинирани пред повеќе од шест месеци повторно да се вакцинираат.
Според неа, во нормални услови, периодот за ревакцинација е 12 месеци, но „во неповолна епидемиолошка состојба“ е преполовен на 6 месеци. Покрај тоа, потребно е граѓаните кои го прележале Ковид – 19 да се вакцинираат 6 месеци по инфекцијата.(ТАСС)