Премиерот на Руската Федерација, Дмитриј Медведев му наложил на својот кабинет да подготви продолжување на прехрамбеното ембарго против државите кои и воведоа санкции на неговата земја.
-Нашите земјоделски компании повеќе патти бараа да го продолжиме ембаргото на увоз на земјоделски производи од државите кои воведоа санкции кон Русија или подоцна кон нив се приклучија, – истакнал неодамна Медведев на состанкот со претставниците на Руската унија на индустријалци и претприемачи (РСПП).
Ембаргото ќе биде продолжено до крајот на 2017 година, – пренесува Russia Today.
Според извештајот „Ембаргото на храна: Резултати во 2015 година“, кој го подготви аналитичкиот центар на Владата на Руската Федерација, воведувањето на руското ембарго на испорака на производи од ЕУ и САД, не сметајќи ја тука Турција и Украина, ги чинело добавувачите до 9,3 милијарди долари.
Во извештајот се наведува дека нејголем бил првиот талас на ембаргото кога на 7 август 2014 година Руската Федерација ги воведе контрасанкциите кон Европскара Унија, Соединетите Американски Држави, Канада, Австралија и Норвешка. Тогаш беа забранети говедското, свинското и живинското месо, рибата, млекотото и млечните производи, одредени типови на зеленчук, овошје и јаткасти производи. За време на забраната, обимот на рускиот увоз опаднал за 9,1 милијарди долари.
Проширувањето на руското ембарго во 2015 година се однесувало на производи во износ од 241 милијарда долари. На тој начин, ембаргото влијаело на обемот на рускиот узоз на храна во износ на повеќе од 9,3 милјарди долари.
Во август 2015 година следеше рускиот одговор на Одлука на ЕУ со проширување на ембаргото, забранувајќи го увозот на производи од Европа и САД и други земји кои ги поддржуваат санкциите спрема Руската Федерација. Под контрасанкции беше воведена забрана на увозот на сите видови на овошје и зеленчук, риба, млеко и млечни производи, свинското, говедското и живинското месо.Списокот се однесуваше на извоз на производи во Русија во вредност од околу 10 милијарди долари. На 13 август 2015 година Владата на Руската Федерација го дополни списокот на земји кои се под санкции, но кој се најдоа и Црна Гора, Албанија, Исланд, Лихтенштајн и Украина.
Подготвил: Саво Пејчиновски