Руската Федерација била  третиот најважен трговски партнер на Европската унија (ЕУ) во 2017 година. Дури   7,8% од вкупниот увоз на ЕУ отпаѓа на Русија, соопшти Еуростат. Русија,  исто така, е и  четвртиот најважен извозен партнер на ЕУ (4,6%).
Машини, опрема и возила, хемиски производи и други индустриски  производи извезуваше ЕУ во Русија   во 2017 година,  што претставува вкупно 90% од извозот.
Во исто време, над три четвртини од рускиот извоз  во ЕУ беа енергетски производи.
Поединечно, лековите се најчесто извезени производи во Русија од ЕУ, а нафтата е најголем товар во увозот на ЕУ од оваа земја.