Владата на Руската Федерација од 3 септември годинава ги забрани јавните набавки од странство на 23 земјоделско-прехрамбени производи.
Забраната единствено не се однесува на понудувачите од Белорусија, Казахстан, Ерменија и Киргизија.
Понудувачите надвор од Руската Федерација и Евроазиската економска заедница на тендерите за јавна набавка на свежа и замрзната риба, мекотели и ракови, свинско месо, месо од крупен добиток, пилешко месо, млеко, ориз, шеќер, путер и готварска сол може да учествува само ако на нив има помалку од двајца понудувачи од Русија, Белорусија, Казахстан, Ерменија и Киргистан.
-Забраната е воведена заради поттикнување на домашното производство.Таа не е проширена и на овошјето и зеленчукот, бидејќи Руската Федерација со своето домашно производство покрива само третина од своите потреби со овие продукти, – истакнал Александар Ткачев, министер за земјоделство во Владата на Руската Федерација, образложувајќи ги превземените мерки.