Позитивниот трговски биланс на Руската Федерација во размената со странство во периодот од јануари до септември 2017 година се зголемил за 26 отсто. Суфицитот е за 19 милијарди долари повисок во споредба со истиот период од минатата година и вкупно изнесувал изнесувал 91,6 милијарди долари, соопшти Федералната царинска служба.
Рускиот извоз во периодот јануари-септември се зголеми за 25,4% и изнесувал 255 милијарди долари. Увозот на Руската Федерација за овој период порасна за 25% – на 163,3 милијарди долари.
Според царинската статистика, во периодот јануари-септември прометот во надворешната трговија на Русија се зголемил за 25,3 отсто и изнесувал 418,3 милијарди долари.
Основот на рускиот извоз во овој период, во земјите кои не се членки на Заедницата на независни држави (ЗНД), традиционално го сочинуваат горива и енергетски производи, чиј удел во стоковната структура на извозот изнесувал 65,2% (62,5% во периодот јануари-септември 2016 година). Споредено со истиот период лани вредноста на горивата и енергетските производи се зголемила за 31,2%, а физичкиот обем за 3,3%.
Во енергетскиот комплекс, физичкиот обем на извозот на камен јаглен се зголемил за 9,7%, на природниот гас за 8,4%, на дизел горивото за 2,8% и на суровата нафта за 1,7%. Истовремено, намален е извозот на моторни бензини за 29,9%.
Во структурата на увозот во земји надвор од ЗНД, уделот на машини и опрема во овој периодот изнесувал 51,1% (во периодот јануари-септември 2016 година – 49,4%). Од друга страна, увозот на овие производи се зголемил за 29,1% во однос на јануари-септември 2016 година.
Обемот на трошоците на копнениот превоз, со исклучок на железничкиот сообраќај, се зголемил за 36,7%, пораснал увозот на механичка опрема за 30,4%, на електрична опрема за 25,2%, на оптички инструменти и уреди за 21,9%. Увозот на автомобили опаднал за 9,5%, а на камиони е преполовен – за 50,5%.
Во структурата на надворешната трговија на земјата, водечката позиција ја има Европската унија, како најголем економски партнер на земјата. Уделот на Европската унија во периодот јануари-септември 2017 година изнесувал 42,7% од трговската размена на Русија со светот (во периодот јануари-септември 2016 – 43,1%), земјите на ЗНД – 12,3% (12,3%), Евроазиската економска унија (ЕАЕУ) – 8,7% (8,5%), земјите на Азиско- тихоокеанската економска соработка – 30,7% (29,9%)…(МРСК)