Научници и експерти за енергија од Русија, Јапонија, Кина и Јужна Кореја за време на меѓународен форум за суперспроводливост при преносот на еднонасочна електрична енергија се согласија да формираат работна група за спроведување на потребните мерки за создавање на голем Азиски енергетски прстен, се наведува на сајтот “Россет”. -На меѓународниот форум за суперпроводливост за пренос на еднонасочна струја во јапонскиот град Ишикари, научници и експерти за енергетика на Русија, Јапонија, Јужна Кореја и Кина се согласија да формираат заедничка работна група за да се обезбеди спроведување на мерките потребни за создавање на голем Азиски енергетски прстен” , се вели во соопштението.

Генералниот директор на “Россет”, Олег Бударгин вели дека ова е долгоочекуваниот чекор, бидејќи во овој момент на патот на прекуграничната интеграција во индустријата на електричната енергија постојат голем број на прашања кои бараат заедничка активност по одговори од научната заедница и од компаниите за снабдување со електрична енергија. Работната група, составена од научници и претставници на енергетските компании, може да пронајдат технолошки, економски и политички решенија за ефикасен систем на интеграција на електромрежните системи.

-Рускиот енергетски систем беше обединет од првиот ден од своето постоење и постојано ја покажува својата ефикасност. Дојде време искуството да се пренесе на целиот регион, а во иднина и на целиот континент. Интеграцијата во електроенергетиката е гаранција за мирот на планетата , – истакнува Будгарин.

Обединувањето на енергетските системи, според мислењето на учесниците на конференцијата, значително ќе ги намали трошоците на секој учесник во поглед на одржување на резервната снага, ќе овозможи да се користат дневните и сезонските варијации во потрошувачката на електрична енергија во различни временски зони и климатски услови што ќе доведе до изедначување на рамнотежата на енергетскиот систем, а исто така ќе се зголеми достапноста до електрична енергија . Во соопштението се вели дека во моментов секој седми жител на планетата нема пристап до оваа услуга.

Исто така, се истакнува дека употребата на суперпроводници за еднонасочна електрична енергија во текот на меѓународната интеграција на енергетските системи, заедно со воведување на моќни акумулатори на електрична енергија и “паметни” активни прилагодливи мрежи, можат да ги решат сегашните и идните задачи на електрична енергија, од кои главните се однесуваат на подобрување на квалитетот на животот на луѓето во различни региони на светот, обезбедување на фер тарифи и цени за електрична енергија, заштита на животната средина, како и разумното користење на сегашните и идните ресурси.