Руската Федерација лани извезла 25 милиони тони пченица, што е 3,3 тони повеќе отколку во 2015 година
Русија стана светски лидер во извозот на пченица во една календарска година, надминувајќи ги САД и Канада, која во последните неколку децении ги држеа првите места.
Експерти од Рускиот извозен центар проценуваат дека Руската Федерација во 2016 година извезла 25 милиони тони пченица, што е 14% повеќе отколку во 2015 година.
САД, според податоците на стручњаците, минатата година извезле околу 24 милиони тони, додека Канада и Австралија извезле по 20 милиони тони пченица. Извозот на Франција и Украина изнесувал по 18 милиони тони. Традиционално, најголемиот купувач на пченица од Русија бил Египет. Според Рускиот извозен центар, испораката на пченица во оваа земја минатата година достигнала нов максимум – околу 5,7 милиони тони, или нешто повеќе од половина од вкупниот увоз на Египет.
Значителни количини на пченица се испорачани во повеќе од 70 земји, меѓу кои и во Турција, Бангладеш, Нигерија, Азербејџан, Јемен, Судан, Иран, Мароко, Јужна Африка и Либан.